
Компанијата „Брзи магистрали" е компанија-ќерка на „Руски железници" (кои се сопственици на 75%+1 акција). Се занимава со иновациски проекти во сферата на железничкиот сообраќај, вклучително и проектирање и изградба на брзи пруги. Моментално нејзин главен проект е „Брзата магистрала Москва-Казањ", која се гради по повод одржувањето на Светското првенство во фудбал 2018, „Брзи магистрали" соработуваат со компаниите AECOM, PWC, Freshfields, Ernst&Young.