
Неговата музика користи силни контрасти, дури и гротесктни елементи. Тој се гордеел со својата моќна оркестрација, која е чиста добро осмислена.
За негови најдобри дела се сметаат неговите симфонии и гудачките квартети. Компонира и опери, концерти и филмска музика.
На почетокот на Втората светска војна останува во Ленинград за време на познатата опсада на градот, каде и ги напишал првите три става од 7 симфонија, позната и како Ленинградска, која се доживува како симбол на отпорот на СССР и непобедливоста на рускиот народ. Уживајте во фрагмент од првиот став на Седмата симфонија под диригентската палка на Валериј Гергиев во Големата Сала на Московскиот Конзерваториум.